Блог

„ДД Стор“ меѓу пионерите на е-продажба во Македонија

pioneers2

„ДД Стор“меѓу 50-те финалисти на „Pioneers of the Balkans“


Потребата на клиентите за ажурирани, прецизни и навремени податоци за ИТ и хардвер опрема во Македонија се оствари преку успешен проект на компанијата „ДД ком“. Е- продавницата „ДДСтор“ која ја развиваат повеќе од 10 години, неодамна се најде меѓу финалистите на „Pioneers of the Balkans“.


Настанот се одржа во рамките на седмото издание на Balkan Venture Forum во соработка со Светската банка. „ДД ком“ се најде во финалето во Загреб меѓу компании од регионот каде што само четири беа од Македонија.


- За нас беше големо изненадување што влеговме во финалето, бидејќи првпат учествуваме на ваков настан. Од вкупно 500 апликации во полуфинале влегоа 300 проекти од кои само 50 беа избрани како финалисти– вели Ивица Јовановски, сопственик на „ДД ком“.
За да се развие и успешно се презентира бизнис идеа потребно е да се вложи многу труд и знаење.


-Учествувавме и на викенд работилница која беше организирана од страна на „ЊуМенс Бизнис Акцелераторот“ за „How to pitch perfect" со Реља Дерета, еден од најистакнатите комуниколози на овие простори и официјален тренер на TEDx настаните во Србија.

 - Иако не бевме меѓу победниците во финалето, презадоволни сме од искуството кое го стекнавме. Научивме многу работи, ја искристализиравме бизнис идејата, добивме многу идеи и понуди за проширување и соработка – вели Јовановски.

pioneers pitch 1

 


Идејата на „ДДСтор“


„ДДКом“ работи со продажба на хардвер и ИТ опрема од 2006 година. Компанија има склучено договори со речиси сите дистрибутери за ИТ опрема во Македонија.
- Клиентите купуваат од нас зашто ги имаме на понуда и најтешко достапните производи, а доколку некој од производите го носат повеќе дистрибутери за клиентите го набавуваме оној со најниска цена – објаснуваат од „ДДКом“
Како проблем се јавило тоа што ценовниците кои ги добивале од дистрибутерите, најчесто не биле ажурирани и биле во различни формати, па губеле многу време за да ја изнајдат бараната информација за клиентите.
-Така дојдовме до идеја да направиме платформа што ги собира и ги унифицира сите овие податоци и ги презентира во он-лајн продавница http://ddstore.mk со редовно ажурирани цени и залихи. Клиентите имаат можност 24/7 да направат нарачка, која ние ја процесираме и ги испорачуваме производите.

 pioneers3

„ДД Стор“ меѓу пионерите на е-продажба во Македонија


„ДДСтор“ е меѓу првите е-продавници во Македонија. Од таму забалежуваат дека на почетокот, речиси и немало он-лајн нарачки, а клиентите барале да платат во готово и да видат што купуваат.

- Иако на повеќе места е назначено дека немаме физичка продавница и работиме он-лајн продажба, постојано има клиенти што доаѓаат директно во нашата канцеларија и очекуваат голем изложбен салон. Се трудиме да ја подигнеме свеста за он-лјан купување со тоа што даваме пониски цени и подобри услови за он-лјан нарачки. Последниве две години има константен пораст , особено од помладите клиенти, но сепак повеќе од 70% од продажбата е на класичен начин.

„ДДСтор“ останува голем ентузијаст дека во следниве години ќе се крене свеста како кај дистрибутерите за интеграција на Б2Б портали со ажурирани податоци и залихи, и кај клиентите за он-лајн купување.

pioneers3

Предности на „ДДСтор“


Менаџерите велат дека не се соочуваат со директна конконкуренција на пазарот, но индиректно се јавуваат дистрибутерите, кои освен физичка продавница имаат и своја он-лајн продавница.
- Наша предност е тоа што имаме поголема понуда од дистибутерите бидејќи тие ги продаваат само брендовите што ги застапуваат. Дополнително, можеме да обезбедиме и пониска цена бидејќи трошоците за менаџирање на бизнисот се мали зашто не инвестираме во залиха, туку испорачуваме дирекно од магацините на дистрибутерите – велат од компанијата.


Планови за иднина и проширување


Иако работата на „ДДСтор“ константно оди во нагорна линија, од таму велат дека имаат уште многу работа и инвестиција за да ја достигнат посакуваната цел:
- Моментално сме во фаза на имплементација на нов дизајн и функционалности за подобро корисничко искуство и побрзо доаѓање до бараните призводи. Во план се и нови модули за попусти и промоции, како и договори со нови дистрибутери надвор од Македонија со цел да се обезбедат производи што ги нема на нашиот пазар.

Доколку го стабилизираме бизнис моделот во Македонија, истиот може да се прошири на други бранши и во други земји.

 pioneers5

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии. Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.

Повеќе...

Контакт

 ул. Фрањо Клуз бр.2/1-4

 02 3 100 700

 info (@) ddcom.mk

Работно време:

Понеделник - Петок

09:00-17:00