ИТ Новости - Хардвер

OCZ во рацете на Toshiba

OCZ ги паметиме по доста квалитетни модели на SSD дискови. Пред неколку месеци компнијата објави банкрот, но веднаш по објавата гигантот Toshiba се појави како заинтересиран купувач на OCZ. Зделката е околу 35 милиони, со што Toshiba ќе инвестира во понатамошен развој. Со ова Toshiba ќе добие пристап до технологијата, чиповите, фирмверите. Нова продажба и лансирање на нови модели се очекува во следните 60 дена.

Прочитај повеќе...

 

Samsung спрема флексибилен OLED TV за CES 2014

CES 2014, најголемиот саем за електроника ќе се одржи во Њу Јорк во јануари 2014. Покрај многу најави од многу производители, интересна новост е флексибилниот OLED TV од гигантот Samsung. Во моментов се само шпекулации, не се знае технологијата на изработка и нема ништо официјално од Samsung. Најголем ривал на Samsung се LG што исто така имаат најавено OLED TV.

Прочитајте повеќе...

 

Cooler Master Nepton 280L кулер со водено ладење - ревизија

Cooler Мaster во последниве години станаа компанија позната по лансирање нови модели на производи со ново име, кои се речиси исти на некој претходен модел со мала модификација. Cooler Master Nepton 280L е нешто сосема спротивно. Иако на изглед е многу сличен со AIO моделот, има многу подобрени функционалности и перформанси. Лансирани се два модели во звисност од големината на ладилниците 140mm и 280mm. Зголемен е просторот помеѓу решетките со што се добива многу поголема ефикасност.

Подолу се резултати од тестирање на вентилаторот.

Прочитај повеќе...

 

ASROCK Z87 OC FORMULA - TEST

До пред неколку години Asrock беа познати по производство на евтини матични плочи, најчесто хибридни со поддршка на Intel и AMD процесори, DDR1 и DDR2 меморија и сл. Последниве години се покажаа во сосема друго светло, со производсто на моќни хај-енд матични плочи, кои добија многу добри рецензии од гејмери и оверклокери.

Во продолжение е тест на една таква матична плоча. Се работи за ASROCK Z87 OC FORMULA матична плоча наменета за екстремен оверклок. Во продолжение е тест, со бенчмарк и чартови за плочата

Прочитајте повеќе...

 

 

 

Benq повторно на смартфон пазарот со два нови Android модели

Компанијата Benq, најпозната по производство на монитори и периферни уреди, минатата година изјави дека нема повторно да влегува на пазарот на смартфони и таблети. Последнава година со растот на овој пазар, изгледа се премисли. Лансирани се два нови модели на смартфони F3 и A3. Перформансите се слични имаат MediaTek MT6589, односно Qualcomm Snapdragon MSM8225Q 1.2GHz процесор, дисплеј 4.6 инчи (960 x 540), 1GB RAM, 4GB внатрешна меморија. Разликата освен во процесорот е тоа што A4 има подобра камера и батерија.

Прочитајте повеќе...

 

benq tablet

 

 

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии. Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.

Повеќе...

Контакт

 ул. Фрањо Клуз бр.12/1-4

 02 3 100 700

 info (@) ddcom.mk

Работно време:

Понеделник - Петок

09:00-16:00