ИТ Новости - Хардвер

Рецензија Google Samsung Nexus 10

Кога зборуваме за Android таблет, сите знаеме дека најдоброто нешто во оваа област се Nexus таблетите. Во следнава статија ќе ги разгледаме предностите и недостатоците на Nexus 10 таблетот на Google

Екранот е навистина зачудувачки, но како ќе се покажат останатите компоненти на Nexus таблетот? Дали навистина вреди да го купиме, или Nexus 7 таблетот уште ќе стои на врвот?

Перформансите на таблетот се навистина одлични и Android оперативниот систем би требало без никакви проблеми мазно работи на него. Во секој поглед, Nexus 10 таблетот може навистина да се пофали со одличниот хардвер.

 

Хардвер

 

Навистина ќе препознаете дека држите Samsung таблет во рацете кога ќе го фатите Nexus 10. Неможеме тоа да го наречеме добра или лоша страна на таблетот, но сепак го добивате истото чувство како со Samsung Galaxy Tab. Таблетот е многу лесен и тенок и го дели истиот дизајн со Galaxy Tab, со звучниците на двете страни. Уредот е направен од пластика со висок квалитет која овозможува истиот да тежи само 603 грама. Воопшто не делува евтино, иако во изработката нема алуминиум како на пример на Asus таблетот.

Првиот гејминг монитор со 240 Hz од EIZO

EIZO го лансираше новиот гејминг монитор со 240 херци рата на освежување. Моделот е FORIS FG2421, 23.5 инчи. Ова е досега најмалото задоцнување на приказ на слика кај мониторите, што дава многу пореална слика кај игрите особено кај симулациите за возење, летање и секако кај FPS (First Person Shoter) игрите. Контакстот е 5000:1 што овозможува да бидат видливи и најтемните детали.

Прочитајте повеќе на fareastgizmos.com...

Nexus 5 и Android 4.4 KitKat официјално претставени

После долг период на шпекулации, претпоставки и многу утнати предвидувања за датата на претставување, Google денес конечно го претстави новиот мобилен од Nexus серијата, Nexus 5. Заедно со Nexus 5 ја претстави и најновата верзија на својот оперативен систем Android 4.4 KitKat, па еве официјално да погледнеме што ново претстави Google.

Nexus 5

Nexus5_tilted

Како и претходниот модел и овој е произведен од страна на LG.

Nexus 5 каректеристики

Екран 4.95 инчен 1920x1080 екран (445 ppi)
Full HD IPS
Corning® Gorilla® Glass 3
Камера 1.3MP предна камера
8MP задна камера со оптичко стабилизирање на сликата
Димензии 69.17x137.84x8.59 mm
130g
Батерија 2300 mAh
Процесор Qualcomm Snapdragon™ 800, 2.26GHz
Adreno 330, 450MHz графички процесор
Безжични мрежи Dual-band Wi-Fi (2.4G/5G) 802.11 a/b/g/n/ac
NFC (Android Beam)
Bluetooth 4.0
Меморија 16/32 GB надворешна меморија
2 GB RAM меморија
Сензори GPS
Gyroscope
Accelerometer
Compass
Proximity/Ambient Light
Pressure
Hall

Прочитајте повеќе на smartportal.mk

Wordpress итегрирање на Follow копче

Доколку користите Wordpress блог, познато ви е копчето :

Досега беше достапно само на блогот во статус делот. Сега е воведена опција за интегрирање на други страници.

На линкот подолу е упатство како лесно да го интегрирате копчето за следење на било која страница.

Прочитајте повеќе...

AdWords Impression Share

Доколку користите AdWords во вашата интернет маркетинг кампања, најчести метрики за функционалноста на кампањата се бројот на кликови и бројот на импресии. Според статистиките, овие метрики не се доволно релевантни. Поточна метрика се бројот на поделени импресии (impression share). Поделени импресии е бројот на импресии поделен со бројот на очекувани импресии во маркетинг кампањата.

Постојат повеќе типови на поделени импресии. На линкот подолу ќе дознаете повеќе за поделените импресии во AdWords кампањите, како и методи за нивно подобрување.

Прочитајте повеќе...

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии. Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.

Повеќе...

Контакт

 ул. Фрањо Клуз бр.2/1-4

 02 3 100 700

 info (@) ddcom.mk

Работно време:

Понеделник - Петок

09:00-17:00