ИТ Новости - Хардвер

Лансиран Mozilla Firefox 25

Firefox 25 достапен за симнување преку FTP серверите на Mozilla. Листа од промените сеуште не е достапна, но најверојатно нема да има многу разлика од промените во beta верзијата. Дел од новите функционалности

- find bar-от не се дели на бабови

- guest browsing функција

- рестартирањето на прелистувачот нема да ги празни сесиите

- CSS3 поддршка и многу други...

Преземете ја новата верзија на следниот линк...

Прочитајте повеќе...

 

 

Флексибилен часовник Apple iWatch

LG ќе го прави флексибилниот часовник Apple iWatch

 

Вториот по вредност корејски производител LG е во преговори со Apple за снабдување со флексибилни OLED екрани за употреба во првиот паметен часовник на компанијата популарно наречен iWatch.
 
 
На овој начин Apple ќе ја продолжи традицијата на соработка со корејски компании за набавка на екрани, но наместо Samsung во игра влегува LG кој покажа дека има поголем развој во новата област на флексибилни дисплеи од различни големини.Samsung исто така ги понудил своите производи но, со оглед на лошите односи меѓу двете компании понудата била одбиена.
 
 Прочитајте повеќе на telefoni.com.mk

Coolermaster QuickFire XT механичка гејминг тастатура

По лансирање на новите Ceres Gaming слушалки, Cooler Master ја најавуваат долгоочекуваната QuickFire XT механичка тастатура, која со своите 104 типки претставува некој вид на надградба на предходниот високо рангиран QuickFire Rapid модел. Тастатурата има многу брзо време на одзив и неколку модови на работа. Кога е во Гејминг мод Win копчето автоматски се исклучува.

Се очекува да биде на пазарот пред крајот на ноември 2013, а цената ќе биде околу 80 евра.

Прочитајте повеќе...

 

Таблет компјутер на Google и Asus – Nexus 7

Со развојот на технологијата и развојот на уредите со екрани на допир, се зголеми и побарувачката на уреди кои нема да користат стандардни тастатури туку сето тоа ќе биде спакувано во еден дисплеј на допир. Двата гиганти Google и Asus направија производ кој има достапна цена и врвни перформанси.

Се работи за таблетот Asus Nexus 7 кој има високо квалитетен 7-инчен IPS екран и моќни хардверски компоненти. Моделот е толку добро направен што во еден момент помисливме дека држиме Apple IPad во рака. Рецептот за успех кој го направи овој производ еден од најбараните на пазарот е што Google стои зад промоцијата и софтверот за истиот. Таблетот работи на Android 4.1 Jelly Bean и поседува микрофон, камера, GPS, Bluetooth и NFC. За жал нема слот за мемориска картичка, но има доволно интерна меморија за да ги задоволи потребите на корисниците.

Спецификации

  • Оперативен систем: Android 4.1 Jelly Bean
  • Процесор: NVIDIA Tegra 3, 4 јадра, 1,2 GHz
  • Меморија: 1 GB
  • Внатрешна меморија: 8/16 GB, нема слот за мемориска картичка
  • Екран: капацитивни 10-точка мулти-допир 7-инчен, Corning Gorilla Glass, IPS, 1280×800
  • Комуникации: Wi-Fi IEEE 802.11 b / g / n, Bluetooth 3.0, microUSB (MTP), 3,5 мм аудио приклучок, 1,2 мегапикселна камера за видео повици, конектор за Docking станица
  • Батерија: 4250 mAh
  • Димензии: 198,5 x 120 x 10,5 милиметри, тежина 340 g
  • Опрема: кабел, адаптер и упатство за употреба

 

Прва реклама за Samsung Galaxy Round (видео)

Случајно, или не во ист ден кога LG го објави заоблениот LG Flex, излезе првата реклама за Samsung Galaxy Round со заоблен екран. И двете компании промовираат природно чувство при корисње на уредите, а самсунг тоа го претставува со интересно видео.

Видеото и повеќе информации на следниот линк...

 

 

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии. Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.

Повеќе...

Контакт

 ул. Фрањо Клуз бр.12/1-4

 02 3 100 700

 info (@) ddcom.mk

Работно време:

Понеделник - Петок

09:00-16:00