info-5

Бренд компјутери од најпознатите светски производители (HP, Dell, Lenovo, Fujitsu) употребувани во банки, јавни институции, големи корпорации, во одлични работни услови под техничка контрола и редовно системско одржување.

Согласно законската ЕУ регулатива, задолжително е обновување на компјутерите после одредено време на користење. Таквите компјутерите се откупуваат од регистрирани Refurbisher компании. По откупувањето, Refurbisher компаниите ги тестираат компјутерите, ги делат на класи и истите ги пуштаат во понатамошна продажба.

MAR Logo

Исклучиво A и А+ класи

ДД-Ком увезува исклучиво А, А+ класа на refurbished компјутери. А класа означува дека уредот е во 100% исправна техничка состојба, тестирана секоја компонента посебно. Употребуван, во одлична естетска состојба со минимални видливи знаци од користење.

До 36 месеци гаранција

Најголем приоритет за сервис доколку уредот е под гаранција, брза дијагностика и отстранување на проблемот.

Одбрани 100% компатибилни делови

За разлика од составуваните компјутери CUSTOM BUILD, фабрички составуваните бренд компјутери се со 100% компатибилни делови, потрајни, потивки, поекономични.

Постабилна и потивка работа

Brand name конфигурациите за разлика од custom / (по желба) составуваните конфигурации се разликуваат по својата далеку постабилна и потивка работа.

Заштеда преку 75%

Со купување на обновен премиум уред, можете да заштедите до 75% во споредба со нов.

Енергетска ефикасност

Чинат помалку од нови компјутери а ниската енергетска класа обезбедува многу помалку трошење на електрична енергија, многу помало загревање.

Еколошки свесни производи со додадена вредност

Покрај главните предности, како што се долг животен век, отпор, ниска стапка на расипување, делови што лесно се заменуваат, одлична вредност за парите, можност за проширување, не е занемарлива и заштитата на животната средина.

Општо земено, еколошките производи чинат повеќе споредбено со традиционалните. Ако избереме реобновен уред, релативно евтино добиваме квалитетен и зелен производ.

Новиот компјутер за да се произведе троши приближно 5.600 литри вода, 240 килограми јаглен и 22 килограми хемикалии. Ако купиме реобновен уред, ќе ја намалиме побарувачката за нови уреди и ќе ги рециклираме. Со тоа ќе земеме сѐ помалку суровини од Земјата. Овој аспект станува се повеќе важен.

Процес на реобнова

пред обработкапосле чистење и боење
пред обработкапосле внатрешно чистење
пред обработкапосле обработка

Класи на refurbished компјутери

  A++ ПРЕМИУМ КЛАСА А+ КЛАСА A КЛАСА A- КЛАСА
Визуелна проверка
Надворешно чистење од прашина
Хардверско тестирање на сите компоненти
Замена на неисправни компоненти
Промена капак/маска кај изгребани, оштетени куќишта *можни мали гребнатини и видливи знаци на користење
Внатрешно чистење прашина
Пакување во стреч фолија
Промена на паста на процесор
Промена биос батерија на матична плоча
Пакување во картонска кутија
Отстранување стикери
Додавање/менување гумени подлоги
Лиценциран Windows 10 MAR for refurbished PC *со доплата *со доплата
Корегирање на гребнатини, префарбување
Премиум гаранција (поправка/замена во рок од 48 часа) *со доплата *со доплата
Upgrade опција – можност за замена со доплата за понов уред *со доплата *со доплата
Гаранција 36 месеци 24 месеци 12 месеци 6 месеци
Што се MAR лиценци?