ДД-Ком сервис центарот е основан во 2006 напоредно со основање на компанијата. Во текот на годините се трудиме да ги задоволиме барањата на клиентите од секаков тип на сервисни барања (хардвер, софтвер, имплементација на мрежи, одржување на техничка опрема).
 
Нашиот сервис е опремен со најсофистицирана опрема за дијагностицирање и отклонување на дефекти за сите видови компјутери и лаптопи.

 

Во 2016 ДД-Ком почнува со увоз и дистрибуција на реобновени (refurbished) брендирани компјутери и лаптопи. За да ја задржиме професионалната услуга и поддршка во овој сегмент, сервисот го специјализиравме во оваа насока.

 

Освен специјализирани обуки за сервис на бренд компјутери, располагаме со голема палета на резервни делови (напојувања, матични плочи, процесори, рам мемории).

 
Побарајте ја оваа услуга

ГАРАНЦИЈА до 3 години со подобри гарантни услови од НОВ компјутер

Наша главна цел е да обезбедиме реобновени (refurbished) компјутери со највисок квалитет и врвна услуга за гаранција и пост-продажба. Иако увезуваме компјутери исклучиво А и А+ класа, истите пред продажба поминуваат низ процес на хардверско/софтверско тестирање, чистење и пакување.

Иако степенот на расипливост на овие компјутери е многу мал, се трудиме нашите клиенти да добијат пост-продажна поддршка на највисоко ниво. Наш главен фокус се ДД-Клиенти кои ги добиваат следните бенефити:

Бесплатна испорака во двата правци доколку се појави дефект во првите 30 дена од купување

Заменски уред на користење  додека вашиот уред е на сервис

Најголем приоритет за сервис доколку уредот е под гаранција, брза дијагностика и отстранување на проблемот

30% попуст на резервни делови вон гаранција во рок од 5 години од купување на компјутерот

Премиум гаранција*

Поправка/замена со нов уред во рок од 48 часа во првата година

Upgrade гаранција*

проценка и замена со понов компјутер во првата година

1 бесплатен сервис во првата година (хардверско чистење, реинсталација)

*премиум гаранција – се добива со мала доплата при купување, а е вклучена во цената на премиум класа на компјутерите
*upgrade гаранција –  се добива со мала доплата при купување, а е вклучена во цената на премиум класа на компјутерите