Безбедност – повеќето пиратски оперативни системи содржат опасен софтвер како вируси/тројани/малвери. Некои од нив се вградени на толку ниско ниво што не се препознаени од антивирусните софтвери. Прашање е на време кога ќе почнат проблеми со ваквиот оперативен систем. Овие проблеми можат да резултираат со губење информации, крадење на вашите персонални/корпоративни информации и губење на фајлови и податоци. Крадење на вашите кредитни картички, па дури и хардверско оштетување од преголемо оптоварување од позадинска работа.
Користењето оригинален софтвер секогаш гарантира подобри перформанси на системот, поголема безбедност за вас и вашиот бизнис. А надградените програми за лиценцирање компјутери на Мајкрософт го направија оригиналниот софтвер попристапен од кога било.

Неколку значајни придобивки од користењето на надградени компјутери со легален оперативен систем од Microsoft:
- Користите компјутерска опрема од водечки производители во индустријата, како што се Dell, HP, Lenovo, Fujitsu, чии производи се ориентирани кон бизнисот, дизајнирани да работат стабилно деноноќно;
- Користите оригинален софтвер на Microsoft, по неверојатно прифатлива цена, со сите потребни драјвери за 100% перформанси на системот;
- Достапност на ажурирања на софтвер за максимална безбедност на вашите податоци и непроблематична работа на вашиот оперативен систем во секое време;
- Достапност на бесплатна антивирусна програма Microsoft Defender Antivirus за максимална заштита од малициозен софтвер, надворешни напади и компјутерски вируси;
- 100% функционалност на софтверот што го користите;
- Можност за софтвер на различни јазици, вклучително и македонски;
- Можност за деградирање на постар оперативен систем;
Според сегашниот закон, пиратеријата е кривично дело кое строго се гони. Прекршителите се казнуваат со сета сила на законот.