ДДКом покрај продажба на користени и refurbished бренд компјутери, лаптопи и сервери, нуди и услуги за краткорочно и долгорочно изнајмување на компјутерска опрема низ цела Македонија. Изнајмувањето на компјутери е посебно корисно при одржување на бизнис настани, конференции, тренинзи, компјутерски натпревари како и за обуки во училишта и на универзитети.

Ние располагаме со широка палета на ИТ опрема – компјутери, лаптопи, работни станици, сервери, принтери и мрежни уреди. Опремата е од А класа од најпознатите светски брендови како што се HP, Dell, Lenovo, Fujitsy.

Нашиот тим може да ви помогнеме околу целокупната организација на настанот со тоа што ви нудиме услуги за монтажа, мрежна инсталација, достава до локација како и техничка поддршка за времетраење нанастанот.

Кои се придобивките од изнајмување на компјутерска опрема?

Обезбедуваме резервни делови за да се минимизира времето на прекин во случај на дефект.

Заштедувате време и пари за логистика и инасталација.

Флексибилно време на изнајмување (дневно, неделно, месечно)

Специјализиран тим кој ќе ви помогне при изборот и организацијата на опремата

Предности на изнајмување пред купување

  • Изнајмувањето ја елиминира потребата за инвестирање во опрема и нејзино одржување.

  • Изнајмувањето ја зголемува ефикасноста затоа што ви дава можност да изберете она што ви треба во даден момент за успешно да ја завршите вашата работа, како и да ја користите опремата колку што ви е потребно наместо да гледате како вашата опрема губи на вредност со годините и станува неупотреблива

  • Трошоците и ризикот од поседување на опремата се намалуваат затоа што нема потреба вие да правите контрола за исправноста на деловите или да се грижите дека некоја компонента може да се расипе или откаже.

Зошто да се изнајмува компјутерска опрема ?

Потребно ви е повеќе од еден компјутер за употреба

Користењето на опремата е на одредено време, не постојано

Располагате со најновите достапни модели на ИТ пазарот

Намалување на трошоците за одржување на опремата и нејзиното користење во иднина

Обезбедена техничка поддршка

➞ Политика на приватност