Што се MAR лиценци?

Што се MAR лиценци?2022-06-09T10:19:45+00:00

Microsoft MAR (Microsoft Authorized Refurbisher) е програма на Microsoft за лиценцирање на refurbished компјутери.

ДД-Ком е регистриран Microsoft партнер за Refurbisher лиценци од 2018 година со продадени преку преку 4000 Windows лиценци. 

Освен фабричката/Bios OEM Лиценца за рефурбишед компјутерите потребно е да се докупи дополнителна Windows MAR лиценца од регистриран Microsoft рефурбишер.

На компјутерите има дополнителна налепница (стикер) код за активација на Windows. Лиценцата е 100% валидна, пријавена во Microsoft и назначена во фактурата и пријавена во Microsoft со серискиот број на компјутерот.

Главна предност на MAR лиценците e многу пониска цена во однос на стандардната лиценца, а ги добивате истите функционалности. Инсталацијата е регулирана преку стриктен процес со цел да се обезбеди максимална безбедности и квалитет и компатибилност со уредите.

Windows оперативниот систем е инсталиран на компјутерот заедно со сите адекватни драјвери, Microsoft Office Trial (30 days), Windows Defender Antivirus, Skype, Adobe Acrobat reader.

Дали може да се купи само MAR лиценца и да се активира на постоечки компјутер2022-03-16T17:32:56+00:00

НЕ. Во моментот на купување MAR лиценцата се пријавува во Microsoft заедно со серискиот број на компјутерот.

Дали Windows HOME лиценцата може да се користи за фирми?2022-04-02T14:50:25+00:00

ДА.

* Windows 10 Home лиценците се валидни за користење во КОМПАНИИ и ги имаат повеќето функционалности од Windows 10 Pro. Најголема разлика е што не може да се поврзат на големи Microsoft мрежи со Domain контролер.

Детално инфо на: https://www.microsoft.com/en-us/windows/compare-windows-10-home-vs-pro

  Windows 10 Home Windows 10 Pro
Windows Hello
Device encryption
Firewall and network protection
Internet Protection
Parental Controls / Protection
Secure Boot
BitLocker Device Encryptions  
Windows Information Protection (WIP)  
Windows Defender Antivirus
Дали MAR Лиценцата ги има истите функционалности како стандардната лиценца?2022-03-16T17:31:24+00:00

Да, со MAR лиценците ги имаат истите функционалности. На компјтуерот се инсталира станардна верзија на Windows HOME/PRO и истата се активира со MAR кодот

Дали MAR лиценцата може да се користи на друг компјутер?2022-03-16T17:33:45+00:00

НЕ. Во моментот на купување MAR лиценцата се пријавува во Microsoft заедно со серискиот број на компјутерот тие се врзани и не може да се направи промена.

Дали MAR лиценцата може да се користи на склопуван Custom Build компјутер?2022-03-16T17:34:06+00:00

НЕ. MAR лиценците се само за рефурбишед бренд компјутери.

Дали може да се надгради компјутерот доколку има MAR лиценца?2022-03-16T17:34:30+00:00

Може да се надгради рам меморија и хард диск, лиценцата е врзана со матичната плоча.

Што добива клиентот со купување компјутер/лаптоп со пре-инсталиран оперативен систем?2022-06-03T15:06:12+00:00
  • 100% легален Microsoft софтвер;
  • 30-day trial Microsoft Office;
  • Microsoft Defender Antivirus;
  • Pre-installed SKYPE;
  • Pre-installed Adobe Acrobat Reader DC software;
  • All necessary drivers;
  • Секоја инсталација на Windows 10 е на English, со повеќе од 150 достапни јазици вклучувајќи и македонски
Купив компјутер со лиценциран Windows, но Microsoft Office лиценцата истече за 30 дена. Како да ја реактивирам?2022-06-03T15:07:21+00:00

Компјутерите доаѓаат со 30 дена тест период на Microsoft Office. Ако сакате да купите лиценца, видете ги достапните верзии на https://ddstore.mk

Која е разликата помеѓу Windows 10 и Windows 11?2022-06-03T15:10:06+00:00
Windows 11 ги има сите функционалности на Windows 10 со надграден дизајн и апликации и сигурносни заштити. Некои функционалности од Windows 10 ги нема во Windows 11, видете ги споредбите на следниот ЛИНК
Купив компјутер со Windows 10, дали може да го надградам на Windows 11?2022-06-03T15:10:54+00:00
Во моментов Windows 11 надградбата е бесплатна за сите корисници со лиценциран Windows 10. Како и да е, Windows 11 побарува минимум перформанси за негова функционалност. Истите може да ги видите на следниот линк. https://www.microsoft.com/en-gb/windows/windows-11-specifications?r=1
Генерално, за refurbished компјутерите од 7ма генерација па нагоре, Windows 11 функционира беспрекорно.
Дали треба сам да ја направам надградбата на Windows 11 или со купување на Windows 10 доаѓа инсталиран доколку поддржува?2022-06-03T15:11:49+00:00
Со купување на Windows 10 лиценца, доаѓа пре-инсталиран Windows 10. Надградбата на Windows 11 ја прави клиентот доколку компјутерот ги задоволува минимум барањата https://www.microsoft.com/en-gb/windows/windows-11-specifications?r=1
Доколку компјутерот не поддржува Windows 11, дали сеуште можам да користам Windows 10?2022-06-03T15:12:30+00:00
Windows 10 continues to be a great version of Windows. Microsoft is committed to supporting Windows 10 until October 14, 2025
Да, Windows 10 е стабилен оперативен систем и Microsoft најави негова поддршка најмалку до 14ти. Октомври 2025.
Дали по надградба на Windows 11 можам да се вратам на Windows 10?2022-06-03T15:13:18+00:00

Да, има 10 дена период по надградбата за да се вратите на претходниот инсталиран оперативен систем. По 10 дена, ќе мора да направите нова/чиста инсталација на Windows 10.

Која верзија на Windows 11 ја добивам со надградба од Windows 10?2022-06-03T15:14:43+00:00
Windows 10 Home се надградува во Windows 11 Home, соодветно Windows 10 Pro се надградува во Windows 11 Pro
Која е разликата помеѓу Windows 11 Home и Windows 11 Pro?2022-06-03T15:15:29+00:00
Споредбата помеѓу Windows 11 Home и Pro може да ја видите на следниот ЛИНК
Go to Top