ИСТОРИЈА

2006

ДД-Ком е основана на 13-ти април 2006 од тим на ИТ професионалци со преку 10 години искуство во ИТ бизнисот. Нашата главна дејност е продажба на хардвер преку ефикасно организирана мрежа од дистрибутери, мали и големи компании и крајни потрошувачи.

Во соработка со речиси сите увозници и дистрибутери на ИТ опрема, на нашите потрошувачи секогаш им нудиме најголем избор на производи по најдобри цени.

2011

Како усовршување на секторот за продажба на хардвер креиравме и имплементиравме комплетен сервис за менаџирање на онлајн продажба.

Во 2011 со имплементацијата на ДДСтор.МК се доближуваме до нашата цел преку автоматизирано секојдневно ажурирање на цените, залихата и бројот на производите да бидеме отворени за Вас 24/7. Со имплементација на ДДСтор.мк го скратуваме потрошеното време и пари, а ја подобруваме услугата кон нашите клиенти.

2016

ДД-Ком започнува со увоз и дистрибуција на реобновени (refurbished) компјутери. Започнавме со дистрибуција на постари модели со цел да се постигне пониска цена.

Набрзо ја увидовме супериорноста на брендираните компјутери во однос на склопуваните во однос на брзина, стабилност, компатибилност и долг работен век, па продолживме со дистрибуција на компјутери од понови генерации, работни станици за рендеринг и графичка обработка, сервери, хај-енд лаптопи, мини-микро компјутери.

2018

ДД-Ком склучува договор со Microsoft како регистриран партнер за дистрибуција на MAR (Microsoft authorized refurbished) лиценци.

ДД-Ком е првиот регистриран партнер за MAR лиценци и во моментов најголем дистрибутер на MAR лиценци на територијата на Македонија.

ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ

ДД-Ком започнува како мал семеен бизнис. Како што растеме, се трудиме сепак да ги задржиме семејните принципи како со вработените, така и со клиентите и конкуренцијата.

Тимот пред сѐ, бидејќи луѓето ја градат компанијата, не менаџментот. Ги цениме вработените како дел од едно семејство, градиме фер и долгорочен однос базиран на доверба и се трудиме секој да напредува во тоа што е најдобар.

Почит – долгорочен однос со клиенти базиран на доверба.

Фер игра – Не сакаме незадоволни клиенти. Работиме само доколку има заеднички интерес.

Агилност/Адаптибилност – се прилагодуваме на промените, на новите трендови и на барањата на клиентите.

Е2 (ефикасност/ефективност) – имплементација на најнови технологии со цел да обезбедиме побрза и поквалитетна услуга.

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрошувачи. Обезбедување соодветна понуда, преку прецизна проценка на потребата на нашите клиенти и долгорочна поддршка.

Визија

Нашата визија е да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии.

Се што ви треба можете да најдете на едно место а тука се и вработените да ве услужат во најкраток можен рок, совршено само продолжете така.

ДДКом Клиент

Продуктите се наoѓаат лесно на вашата страна, операторите ви одговараат брзо и професионално, испораката навреме и сите мои нарачки стигнале добро спакувани, неоштетени и исправни. То е то. Поздрав од Ресен.

ДДКом Клиент

Одлична продавница. Одлични попусти.

ДДКом Клиент

Брзи и доста информативни, дефинитивно едно од подобрите онлајн шопинг искуства во Македонија :)

ДДКом Клиент

Со години купувам од DDCom и се било во најдобар ред, екстра.

ДДКом Клиент

Навистина сум одушевен, од коректноста, и професионалноста. Секоја чест, само така продолжете…

ДДКом Клиент

референтна листа