Политиката на приватност на ДД-Ком појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за ДД-Ком и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.
Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
Според GDPR регулативата, секој посетител на нашата веб страна има право да побара увид, промена, запирање или бришење на барање на субјектот на личните податоци:
– Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци
– Барање за дополнување, измена или бришење на податоците
– Барање за запирање на обработката на личните податоци
ДДКом не собира никакви информации од финансиска природа како број на платежна картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на HALKBANK (ИК Банка).
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и ДДКом не собира или користи податоци од малолетни лица.
Оваа веб страница може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата веб страна со што се овозможува побрз пристап.
Прва меѓу многуте причини да се користат cookies е нивната можност за зачувување на информации на индивидуалната веб страна (избор на јазик, број на кликови, големина на фонт итн.). Во дополнување, тие исто така ја олеснуваат имплементацијата на услугите кои ги нуди веб страната (регистрација, содржина на кошничката за купување, пријавување на електронски вести, преглед на видео итн.) и собирањето на информации за навиките на посетителите на веб страната (број на посети, содржини интересни за посетителите итн.). Сето ова ни помага да го подобриме искуството на посетителите, како и да ја процениме ефикасноста на дизајнот на веб страната.
Овие cookies кои се користат на нашата страна не собираат информации кои би можеле да го откријат вашиот личен идентитет.
Поради транспарентност, направивме листа со сите cookies кои ги користиме и нивните цели. Ве молиме имајте на ум дека со понатамошно користење на оваа веб страна вие се согласувате со користење на наведените cookies.
КАКО ДА ГИ АКТИВИРАТЕ ИЛИ ДЕАКТИВИРАТЕ COOKIES?
Cookies нема да се искористат за собирање информации поврзани со вашиот персонален идентитет. Доколку сакате, можете да ги измените подесувањата на користење на cookies на пребарувачот на вашиот компјутер или мобилен телефон.
Најмодерните пребарувачи ви овозможуваат да ги прифатите или одбиете сите cookies, прифатите или одбиете одреден тип на cookies или да примите предупредување кога веб страната сака да постави cookie од вашиот апарат. Во дополнување, можете исто така да избришете cookies кои пребарувачот веќе ги снимил на вашиот апарат.
Имајте на ум дека во случај кога сте ги деактивирале cookies, функционалноста на веб страната може да е нарушена, и порака во врска со користењето на cookies ќе се појавува при секоја ваша посета, што на долг рок ќе влијае врз вашето корисничко искуство.
Промената на подесувањата на cookie е различна кај секој пребарувач. Можете да најдете детални информации со кликање на “Help”, со посета на http://www.aboutcookies.org, што ќе ви даде совети за промена на подесувањата на cookie кај сите современи пребарувачи, или можете да не контактирате на email.
Google Analytics, DoubleClick и AddThis cookies можат да се деактивираат со следење на подолните инструкции:
– Google Analytics
– Double Click – AddThis
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ПЕРОНАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ВНЕСУВАТЕ НА ВЕБ СТРАНАТА И НА E-NEWS РЕГИСРАЦИЈАТА
Податоците кои ги внесувате на веб страната се користат исклучиво за доставување на порака (побарување, резервирање, купување итн.) или за побарана услуга. Вашите податоци се заштитени и не се обелоденуваат до трети страни нити се користат за било која друга цел различна од погоре наведените.
Со регистрирање на e-news, вие се согласувате дека вашата email адреса може да се искориси за да бидете информирани за нови услуги/производи. Можете да се одрегистрирате во било кое време со кликање на линкот за unsubscribe кој се наоѓа во email-от.
За повеќе информации во врска со cookies, погледнете го Information Commissioner’s Guidelines
ДДКом ги презема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Дата центарот каде што се наоѓаат серверите е Daticum во Бугарија од каде што важи политиката за приватност објавена на овој линк https://www.daticum.com/en/policies/.
Оваа Политика на приватност служи за да се утврди нашата посветеност кон приватноста и безбедноста на податоците на клиентите, како и за објаснување на политиките и процедурите имплементрани во однос на собирање и употреба на податоците за клиентите.
Оваа политика на приватност стапува на сила од Мај 2010 година. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa ДДКом најмалку 30 дена пред да стапат во сила.