Lenovo ThinkStation P500 – XEON Hexa-Core E5-2620 v3 е процесор кој иако е постар модел, е доволно силен за обработка на материјали, особено за работа со 3D модели. Неговите 6 Cores и 12 Threads во споредба со i7-8700K (и другите процесори од оваа генерација и број на Cores и Threads) според тестови направени во нашето студио, ги извршија сите задачи беспрекорно и без крашнување. Во конфигурација со 32GB RAM меморија, и графичката Quadro K2200 која работи со 4К резолуција, финалните експорти за 3D во софтверот Blender, се обработуваат за релативно кратко време и без препреки. За работа со Adobe пакетот на софтвери (тестирано на Photoshop, InDesign, Illustrator и Premiere, едиција CC 2019 v.05) е сосема доволен и силен како конфигурација.

Lenovo ThinkStation P500 има можности за надоградба на дополнителна RAM меморија, која процесорот би можел да ја издржи и да обработува материјали дополнително побрзо, без препреки, особено за 3D рендерирање или монтирање во Adobe Premiere, софтвер кој има потреба од повеќе RAM меморија.

Во суштина, конфигурацијата на Lenovo ThinkStation P500 е серверска конфигурација, што значи обработка на податоци постојано, и регуларно користење на Lenovo ThinkStation P500 не претставува проблем.

by Bright Jungle
• Процесор – Intel® Xeon® E5-2620 v3
• Рам меморија – 32GB DDR
• ССД диск – 256GB SSD
• Графичкa акартичка – Nvidia Quadro K2200
• Оптички уред – DVD
• Оперативен систем : Можност за доплата за лиценциран Windows 10 MAR
– 12 месеци гаранција
– Бесплатна достава низ цела Македонија!

– A Class Refurbihed – Заштеда до 70% – сите компјутери се поединечно спакувани во високо квалитетни кутии, вклучувајќи ги и каблите / адаптерите.

Сподели!